Студентка барала стан и се јавил маж кој ја оставил шокирана со неговата понуда!
Кога 19 годишната Ерин Клар од Шкотска почнала да бара стан во Париз каде што ќе живее во текот на студирањето на парискиот Институт за политичките науки не ни помислувала каква понуда може да добие.
Таа на социјалните мрежи објавила дека бара стан кога на Фејсбук и пишал еден маж со име Франциско.
Тој и пишал дека има стан со два кревета, кујна, бања, голем гардеробер и балкон, но дека станот не би и го издал целосно туку ќе мора да го дели со него.
- Имам два кревети, и напишал тој, на што 19 годишната студентка го замолила да и даде уште детали и го прашала дали планира тој да живее во тој стан или само бара некого на кого ќе му го изнајми.
Но, одговорт кој го добила не го очекувала ни во најлошите кошмари.
- Јас ќе живеам исто. Имам фотографии од станот. Но, ќе ти ги објаснам условите. Јас сум покорен и имам фетиш на стапала така што станот би бил бесплатен што се однесува за пари, но за возврат понекогаш би сакал да ти ги лижам твоите стапала. Освен тоа, имам појас за невиност па би требало да го чуваш клучот на твојата нараквица. Значи, не ти барам секс затоа што имам појас. Дали си заинтересирана? Ти одговараат ли условите?, и напишал наемодавателот и ја оставил во шок.
Девојката преписката ја објавила на Твитер со иронична порака дека потрагата по стан во Париз и оди „многу добро“. Но, кога таа не му одговорила повеќе на пораките тој и пратил фотографија од „појасот за невиност“ за да ја увери дека и ја зборува вистината.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
-
Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
-
Трамп: ЕУ е создадена за да ја искористува Америка, ќе воведам 25 отсто царини за автомобили
-
Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица
-
Дончиќ за мечот против неговиот поранешен тим Далас: Имаше многу емоции, мило ми е што победивме
-
Полицијата во Германија во состојба на зголемена приправност по закани за напади на карневалите
-
Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за 53-годишник од Делчево
-
Затвореник почина во Идризово