Студентите во Србија кои организираат блокади, ги повикаа граѓаните в недела на протести пред Уставниот суд
Студентите кои организираат блокади во Србија ги повикаа граѓаните да им се придружат в недела, на 12 јануари, на протест пред Уставниот суд во Белград.
„Ние студентите во блокада ве повикуваме да се придружите на протестот во недела на 12 јануари во 16 часот пред Уставниот суд и да не поддржите. Во последните недели бевме сведоци на кршење на Уставот и затоа ние решивме симболично да се собереме пред зградата на Уставниот суд и да го изразиме нашето незадоволство“, се вели во соопштението на студентите.
„Иако можеме да избереме кој било ден за протестот, решивме да биде недела за да ни се придружите и вие работниците. Тоа што и вработените во Уставниот суд тој ден не се во зградата не ја намалува важност на нашето дејствување – Уставот важи секој ден и затоа е важно во секое време да се потсетуваме на нашите права кои со него се загарантирани“, се наведува во соопштението.
Студентите ги поканија и синдикатите да се приклучат на протестот, наведувајќи дека се оградуваат од дејствувањето на сите политички партии и организации.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот