Студентите во Охрид го прославуваат Светскиот ден на културната разноликост
Студенти и професори студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од повеќе десетици држави од целиот свет денеска во Охрид го славеа Светскиот ден на културната разноликост, презентирајќи дел од културното богатство, фоклорот, храната од земјите од кои доаѓаат.
Со модна ревија на народни носии, национални танци, дегустација на традиционална храна и пијалоци, странските студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ на Градскиот плоштад се претставија со дел од нивното духовно и културно национално богатство.
- Оваа година слично како и минатата решивме да презентираме неколку држави, најразновидна храна од повеќе држави, танцови од Шри Ланка, два африкански танца, турски перформанс и македонски фолкор, рече Марио Таламаноски, студент и организатор на манифестацијата.
Студентите сметаат дека ваквите манифестации придонесуваат за нивно зближување, покраj нивните секојденвни контакти воспоставени преку редовната настава на Универзитетот.
Универзитетот „Св. Апостол Павле“ со студенти и професори и студенти од повеќе десетици држави од сите континенти претставува уникатна високообразовна установа со истакнат мултикултурен профил.
Ново на Сител
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам