-->
-->
Стружани со службени картички полнеле гориво во сопствените автомобили
-->
Три лица од струшко добија кривични пријави поради злоупотреба на службена положба и со безготовински картичка полнеле гориво во сопствените возила.СВР Охрид соопшти дека Полициската станица од Струга поднела кривична пријава против Р.И.(49), од селото Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта.
-Пријавените во текот на 2017 година, како службени лица вработени во правен субјект во државна сопственост М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, го точеле и во сопствените приватни возила, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Лицата прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.041.84 денари. (МИА)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
