Стружани се жалат на полни контејнери ѓубре

Во екот на туристичката сезона во центарот на Струга, жителите се жалат на полни контејнери со ѓубре и непријатна миризба.
Стружани обвинуваат дека јавното комунално претпријатие „Комунално“ не го собира сметот и остава грда слика за туристичкиот бисер, но се загрижени и за сопственото и здравјето на нивните семејства.
Директорот на ЈП „Комунално“ Иван Клечкароски во изјава за МИА посочи дека нивните екипи се постојано на терен, дополнително се ангажирани и во трета смена со цел да одговорат на потребите на населението.
-Во последно време се крена галама околу ѓубрето во стариот дел од градот, каде е тежок пристапот и екипите поминуваат два пати неделно да ги испразнат контејнерите. Многубројните апели до граѓаните да го одложуваат сметот во деновите кога се подига не вродија со плод, вели Клечкароски.

Тој нагласи дека на неколку локации каде што возило не може да влезе, вклучена е и трета смена, што е дополнителен трошок за претпријатието. Обвини дека против него и претпријатието се води политичка хајка.
-Овие 10 дена во градот имаше повеќе луѓе од предвиденото, а треба да се стигне сегде на време. Сообраќајот е закрчен, ако на првата точка за подигање смет задоцниме 10 минути, тогаш на крајната се доцни веќе еден час. Од тие причини се доцнеше, но никаде не остана не подигнато ѓубре. Ваквите критики се со зла намера и политички, рече Клечкароски.
Лошата слика со расфрлено ѓубре може да се забележи и на плажите на струшкото крајбрежје, каде несовесните граѓани го оставаат до кантите за ѓубре или до лежалките.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
