Стружaнецот кој бил отруен од поранешната сопруга бил пејачот Даниел Кајмакоски
Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Му се слошило по средба со поранешната сопруга, на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дро*а, пренесе А1он.
МВР потврди дека Кајмакоски бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.
„Жената била повикана во полициската станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Кристина Димитријевска, од која Кајмакоски се разведе во 2019 година по три години брак, неодамна во интервју одговарајќи зошто Даниел не бил на роденденот на синот, без да му го спомене името на поранешниот сопруг, и кусо рече дека таа му е и мајка и татко на нивниот тригодишен син.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа