Бизнис
6. December 2018 - 13:08

Струшките земјоделци учат за придобивките од органското производство

Струшките земјолдеци и пчелари денеска се запознаа со начинот, предностите и придобивките на органско производство на работилницата „Можности и перспективи на органското производство“ што се реализира во рамки на проектот „Органска фарма – рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и одржлив економски развој“.

Целта на работилницата, според координаторот на проектот Зора Кленкоска, е да ги едуцира земјоделците и пчеларите за производство на органска здрава храна и подигање на свеста за развивање на производството, негово искористување како дополнителна дејност и ставање во функција на алетрнативен туризам.

Органското производство, нагласи, е насочено кон иднината и натамошниот развој не само од аспект на заштита на животната средина и унпредување на здравјето на луѓето, туку и за економски просперитет.

-Ваквиот начин на прозиводство бара мали вложувања во препарати, материјали и опрема, а можат да бидат вклучени и мали производители. Со тоа се влијае позитивно на обезбедување на нивната егзистенција, а со тоа регионален развој и развој на државата, истакна Кленкоска.

Експертот за органска храна со сертификат од Про церт, Горан Колев објасни како еден конвенционален производител може да стане органски, кои правила треба да ги испочитува, постапките како да најави за тоа и кои документи треба да ги подготви.

-Во Македонија има многу подрачја каде условите за органско производство се идеални. Има производители кои ги почитуваат правилата за органско произвосдство, користат семиња, пестициди и ѓубре кои се дозволени во органското производство, ги користат, но не разбрале дека нивниот производ можат да го сертифицираат и да добијат дополниотелна вредност за него. Да го продадат на други пазари, а ќе добијат и поголеми субвенции доколку го имаат сертификатот, истакна Колев.

Според него, има два начини за префрлање од конвенционално кон органско производство. Доколку претходната година се употребени недозволиви средства во органското производство, претстои период на преод. За повеќе годишните насади е три години, а за едно годишните култури е две години.

-Во тој период производителот ги почитува правилата за органско производство, но статусот е органски производи во преод. Доколку се работи за насад кој е напуштен или се одгледува на стар начин во тој случај се пополнува друг формулар, кој треба да обезбеди ретроактивно признавање на претходниот период. Тие три години нема да важат и може дури во истата година да добие производител со органски статус, појасни Колев.

За технологиите на пчелните производи и како да се добие мед во современи услови, говореше Ице Китанчев, долгогодишен пчелар со над 350 пчелни друштва. Тој вели дека климатските промени го земата данокот и во пчеларството. Последните години, нагласи, условите за производство на мед се променети со загадувањето на животната средина и приносите се катастрофални.

-Треба да знаеме дали на вистинско место е поставен пчеларникот. Тој треба да биде поставен на главна паша, но доколку има и на стимулативна пролетна паша. Стимулативната паша е многу важна за да може да се развива друштвото. Онаму каде што има полен, бидејќи тој го дава развојот на пчелното друштво, вели Китанчев.

На работилницата тој им укажа на пчеларите за грешките што најчесто  се прават да може да се искористи максималната паша.-  Ние имаме паши кои давата квалитетен мед, но немаме интензивни паши кои давата големи количини, додаде Китанчев.