Струшкиот суд не прифати застареност за кривично гонење на Мерко за набавка на луксузен автомобил
Одложена е главната расправа во судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. Таква одлука судот донесе на денешното рочиште по барањето на одбраната за изземање на судијката Надица Митреска, поради, според нив, кршење на правата на обвинетиот.
Јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство Струга Никола Јолески изнесе докази со кои укажа дека делото не е застарено, на претходното барање на адвокатот на Мерко Игор Петкоски судот да го одбие обвинителниот предлог поради изминување на рокот за обвинение.
Јолески прикажа известување дека на 13 јануари 2021 година јавниот обвинител кој го работел предметот од ОЈО ГОКК Скопје доставено до МВР БЈБ во врска со проверка на наводите по иницијативата на Државната комисија за спречување корупција во делот за јавна набавка од каде произлегува и тоа обвинение. Со тој доказ, смета дека се утврдува прекин на застарувањето и обвинението не е застарено за кривично гонење.
Судијката Митреска го прифати приговорот на обвинителот и заклучи дека рокот на застареност е прекинат и оти застареноста не е никаква привилегија на сторителот на кривичното дело. Барањето за нејзино изземање од случајот, според неа, е законско право на одбраната за што треба да одлучи Претседателот на судот.
- Барањето за изземање и законско право, ако странката смета дека има простор. Јас сметам дека сум непристрасна и дека постапувам аполутно совесно и согласно закон. Ќе почекаме одлука и ќе видиме. Мојата одлука е одбивање на приговорот за релативна застареност, бидејќи настанал прекин, изјави Митреска.
Одбраната пак, предводена од адвокатот Петкоски, посочува дека судечкиот судија одлуката ја донел без приложување на доказите од обвинителот и можност да се произнесат по нив.
- Судијката во рок од една минута го проучи овој доказ, кој остана непознат за одбраната и донесе одлука судењето да продолжи со што го одби приговорот на одбраната за застареност на кривичното дело. Ваквото кршење на законски загарантираните права одбраната нема да дозволи и затоа побара изземање на судечкиот судија од овој предмет, истакна Петкоски.
Одбраната во рок од 24 часа до Претседателот на Основниот суд Струга треба да достави образложен предлог зошто бара изземање на судечкиот судија, по што ќе се знае дали предметот ќе остане кај истиот судија или ќе биде префрлен кај друг.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал го товари струшкиот градоначалник за злоупотреба на службената положба, за набавка на четири автомобили во вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои и луксузен „Ауди А6“ во период кога Општината имала бликирана сметка.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина