Струшката библиотека доби современа читална
Во рамки на кампањата „Земи книга – подари книга“, ЕВН Македонија донираше современо опремена читална во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде стотина деца од 8 до 14 години посетуваа работилници и научија разни вештини за приод кон литературата.
Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски при денешната посета на библиотеката изрази задоволство што на едно место можеа да се видат многу генерации стружани кои дојдоа во читалната да остават книга и да земат книга. Идејата, појасни тој, почнала да се реализира случајно, со поддршка на ЕВН на неколку македонски автори кои досега немале објавено свои дела, им помогнале да ги објават.
- Потоа се преточи во сеопфатна акција во која помогнавме да создадеме култура на читање и да поттикнеме многу генерации да читаат книги. Се надеваме дека овие наши напори придонесоа да се зголеми бројот на почитувачи и љубители на книгата. Покрај во Струга, вакви читални се донирани и во Битола и Скопје каде малите дечиња добиваат можност да бидат поблиску до пишаниот збор и да ја развијат љубовта кон него, да не биде земање книга затоа што мораат да ја читаат, затоа што е лектира, туку затоа што сакаат да ја читаат, изјави Ковачевски
Кристина Тодороска-Петреска, локален координатор на проектот „Подигање на свеста за читање“ на Паблик и ЕВН Македонија, кампањата ја оцени како успешна. Според неа, многу граѓани ја посетиле читалната, оставиле свои книги и земале други за читање. Информира дека на работилниците работеле интерактивно, имале можност да го слушнат мислењето на младите и жанровски ја избирале литералтурата, со цел да излезат во пресрет на нивните интереси за книга.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија