Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19
Кај 57-годишна струмичанка е констатирано присуство на Ковид-19. Тестот и е направен на Клиниката за неврохирургија во Скопје, каде таа се лекува.
Ова го истакна директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов откако денеска беше објавено дека меѓу новозаболените има и од оваа општина.
– Пациентката е жител на Струмица и се лекува на Клиниката. Немаме повеќе информации. Единствено знаеме дека е тестирана во Скопје, а според местото на живеење се води кај нас, рече директорот Витанов.
Инаку, во текот на денешниот ден или утре треба да се знаат и резултатите од првиот контролен тест на 32-годишниот струмичанец, кај кого беше утврдено дека е заразен на 20 мај.
Според информациите од Центарот за јавно здавје, тој и лицата со кои бил во контакт се во добра здравствена состојба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден