Струмица опен фестивал
Во Струмица вечер ќе почне петтиот „Струмица опен фестивал“ кој во наредните девет дена ќе понуди музика, уметност и забава и, според организаторите, ќе има многу гости и дружење.
На сцената во Градскиот парк во 20:30 часот ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Јо Јо“, по што ќе следуваат кореографија на Денс батл, настап на струмичките рапери Дивизија, а потоа и танцов натпревар.
Утре ќе се одржи веќе традиционалниот концерт на лицата со телесен инвалидитет, а потоа ќе има и настап на стенд ап комичарите Марјан Ѓоргиевски и Никола Тодоровски.
В понеделник во езерцето во паркот ќе се одржат два настана, изложбата „Будење“ на деца со посебни потреби и вечер на поезија, а во амфитеатарот ќе се одржи концерт на учесниците на летната школа на гитара кои пет дена ќе бидат дел од работилницата, појасни Печков.
На програмата на фестивалот е и трката на келнери и настап на групата „Летечки пекинезери“ како дел од џез-сцената, а во среда ќе има изложба и промоција на монографија и графичка мапа на Ниче Василев и концерт на акустична гитара.
Фолклорниот дел ќе го исполни Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Оро без граници“ на ансамблот „Тримери“ и гости од Турција, а потоа и вечерта на афоризми. На 12-ти, 13-ти и 14 август се предвидени концерти на домашни и балкански пејачи и диџеи.
Идниот петок се очекува најголема посетеност. Музичките вечери ќе ги отворат Љубојна, Амадеус, Аца Лукас и Џамбо со Агушеви. В сабота на репертоарот се Хипнотизер, Влатко Стефановски, Архангел, Кад би био Бјело дугме, Брас брадрс и Плејмен. В недела фестивалот ќе заврши со настапите на Силви бенд, Црвена јабука, Жељко Јоксимовиќ, Дуоз и Хаус Твинс, информираше Печков.
Буџетот на фестивалот е скоро 150 илјади евра, од кои девет милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Струмица. Останатите се обезбедени од спонзорства и донации. Најголемиот дел, или околу 80 илјади евра, се наменети за музичкиот дел. Во фестивалските денови ќе бидат вклучени и 150 младински волонтери.
Ново на Сител
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево