Струмица очекува уште едно блескаво карневалско издание
Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал очекува уште едно ново блескаво издание, кое ќе биде помасовно и поквалитетно од ланското.
Според претседателот на Организацискиот одбор, Александар Цицимов во осумте карневалски денови, кои почнуваат на 6 март со предавањето на клучот на градот од страна на градоначалникот на карневалистите и подигнувањето на знамињата на државата, ЕУ, FECC и карневалското знаме, официјално почнуваат годинашниве карневалски празнувања.
На Интернационалната карневалска вечер, која ќе се одржи на 9 март (сабота) ќе учествуваат околу две илјади карневалисти од земјава и сранство.
-Ќе имаме 45 карневалски групи од земјава и странство. Имаме учесници од Германија со две групи, Турција, Бугарија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Од нашата држава имаме пријавено учесници од Струга, Кавадарци, Пробиштип, Куманово и Ратево (Беровско), како и групите од Струмица, рече Цицимов.
Додаде дека и годинава струмичани и бројните гости од земјава и странство ќе присуствуваат на уште едно блескаво издание на Струмичкиот карневал, а се надева дека и временските услови ќе бидат сојузник на карневалистите.
По предавањето на клучевите од градот на карневалистите на 6 март, наредниот ден ќе бидат објавени резулатите од конкурсот на тема карневал што го организира струмичката библиотека, потоа изложба на фотографии од ланскиот карневал и традиционалниот концерт под маски на учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица.
Со традиционалниот маскенбал (8 март) и изборот на принц и принцеза на струмичкиот карневал традиционално официјално почнува карневалската забава во градот под Царевите Кули. Принцот и принцезата со кралот на струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка (9 март) на Интернационалната карневалска вечер и ќе го означат почетокот на годинашното издание на еден од најпознатите карневали на Балканот и во Европа.
Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 10 март на плоштадот во Струмица, а на 11 е Чист понеделник, кога традиционално се вари и се консумира бел грав. Истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал.
Традиционалното карневалско корзо, посетата на домовите на армасаните (верените) девојки како и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 12 март.
Карневалските празнувања завршуваат на 13 март со одбележувањето на тримерските обичаи и враќањето на клучот од градот од карневалистите на градоначалникот.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни три пожари на отворено - гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец
-

МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола
-

Трамп: Повторно ќе го „удриме Иран многу силно“ ако не го запре Хезболах
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото

