Македонија
11. April 2022 - 14:40

Струга од утревечер, 24 часа без вода

Поради дислокација на доводен цевковод за водоснабдување, Струга од утре вечер во наредните 24 часа ќе биде без вода, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинот, како што појасни директорот на претпријатието Дашмир Насуфи, ќе биде на целата територија на општината од 22 часот во вторник, до истото време во среда.

– Поради изведување работи во водоводната мрежа за дислокација на доводен цевковод за водоснабдување, односно замена на старите азбесни цевки со нови пластични кај Индустриската зона во Струга, ќе имаме 24-часовен прекин во водоснабдувањето, изјави Насуфи.

Промената на цевките, нагласи, ќе помогне во надминување на проблемот со снабдувањето со вода во Струга.