Стрес тестовите кај банките покажаа дека имаат солиден капацитет за потенцијални шокови

Финансиската стабилност во земјава се задржа во текот на минатата година, при истовремено продлабочување на нивото на нефинансиско посредување, а работењето на финансиските институции се одвиваше во релативно поволен домашен амбиент.
Ова го покажува извештајот за финансиакта стабилност во 2018 година објавен од Народната банка, во кој се посочува дека банкарскито систем како клучен сегмент од финансискиот сектор ги подобрил показателите за изложеноста на ризици, а стрес-тестовите упатуваат на солиден капацитет за апсорбирање на потенцијалните шокови.
Кај активностите на банкарскиот сектор е забележан значително забрзан раст, при раст и на профитабилноста и подобрување на профилот на ризик на домашните банки.
Банкарскиот систем, според извештајот е ликвиден и високо солвентен, со стапка на адекватност на капиталот од 16,5 отсто и преовладување на најквалитетниот, т.н. редовен основен капитал во вкупниот регулаторен капитал.
Квалитетот на активната е на солидно ниво, со учество на нефункционалните во вкупните кредити од 5,2 отсто и висока покриеност на овие кредити со издвоени резервации за очекувани кредитни загуби од 76,3.
Кај корпоративниот сектор, според извештајот, се забележани подобрени резултатите од работењето, зголемена додадена вредност, отворени нови работни места и раст на платите на вработените.
– Показателите за профитабилноста, задолженоста и способноста за редовна отплата на обврските забележаа подобрување, стои во извештајот.
Во делот на домаќинствата показателите за солвентноста и ликвидносната позиција, заедно со ниското и стабилно учество на нефункционалните во вкупните кредити во портфолијата на банките, и натаму упатуваат на релативно ограничена чувствителност на овој сектор на шокови и главно одржување во контролирани рамки на ризиците за финансиската стабилност што произлегуваат од него.
Кај капитално финансирано пензиско осигурување, во извештајот се наведува, дека не се очекуваат поголеми ризици од работењето.
– Неодамнешните измени во законската регулатива треба да овозможат зајакнување на одржливоста на вкупниот пензиски систем на долг рок и стабилна исплата на пензиите на осигурениците. Друштвата за управување со пензиските фондови применуваат конзервативна инвестициска политика во рамките на регулаторните ограничувања и правила и се очекува основањето трето пензиско друштво да придонесе за зголемување на конкуренцијата во овој сегмент од финансискиот систем, наведуваат во извештајот.
Средствата на другите чинители на финансискиот систем се помалку од седум отсто од активата на финансискиот систем, а половината од нив отпаѓаат на осигурителниот сектор.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
