Македонија
14. November 2023 - 16:45

Стразбур пресуди: Јанакиевски незаконски бил држен во притвор – ќе добие 4.000 евра отштета

Миле Јанакиевски незаконски бил држен во домашен притвор речиси 5 години а потоа и во ефективен притвор во Шуто Оризари . Ова го утврдил Судот во Стразбур по жалбите кои Јанакиевски ги упати за два предмети Шпански скали и 27 април. 15 пати му бил продолжуван притворот иако не постоеле доволно оправдани причини да биде лишен од слобода. Биле носени решенија за притвор  дури и на две недели пред истек на актуелниот а добил и двојни решенија за лишење од слобода. Бранителите на Јанакиевски велат дека ова е уште една потврда дека мерката притвор се злоупотребува и се изрекува како еден вид казна уште пред да се донесе пресуда.

Адвокатите сметаат дека не постои причина притворското време на Јанакиевски да му биде засметано во времето за издржување на казната за случајот  Титаник .

Од кривичен поинаку ја толкуваат пресудата на Стразбур и реагираа дека во ниту еден дел не е оспорена основаноста за определената мерка, туку напротив притворот бил оправдан. Од кривичниот суд велат дека констатирани биле само повреди во дело на брзината со која се одвивала жалбената постапка.

Во прилог на образложението дека основаноста на определениот притвор бил поткрепен со соодветни докази говори и точка 95 од пресудата според која „нема индикации дека оценката направена од домашните судови во овој поглед била произволна или очигледно неразумна“

Според адвокатите, кривичен се повикува само на одреден дел од пресудата. Според нив, анакиевси ќе добие и парична оштета од околу 4000 евра , но она што е поважно, ваквата одлука од судот з ачовекови права треба да биде поука за правосудната власт во државата.