-->
-->
Страшна сообраќајна несреќа во Македонска Каменица - едно лице загина
-->

Вчера во 13 часот 30 минути на улица „Тачовска“ во Македонска Каменица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 32- годишниот Д.С од Македонска Каменица и патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55- годишниот Д.К од Македонска Каменица.
Во незгодата од здобиените повреди 75- годишната Д.К. од Македонска Каменица, сопатничка во возилото „Фолксваген Поло“, починала на местото на настанот.
Возачот од истото возило, Д.С. се здобил со расекотини на главата и бил пренесен во Медицински центар Штип.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонска Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
