Македонија
14. March 2016 - 19:18

Страшна сообраќајка во близина на средното хемиско училиште

Сообраќајна несреќа во која учествувале две возила се случи попладнево на булеварот „Трета македонска бригада“ во близина на средното хемиско училиште.
 
Од СВР Скопје информираат дека во несреќата која се случила околу 17:20 часот учествувале „Фиат“ и „БМВ“ двете со скопски регистерски ознаки.
Според првичните информации, во несреќата со повреди се здобил возачот на Фиатот кој е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, но детали за неговата здравствена состојба и карактерот на повредите не се познати. Полицијата на местото на несреќата извршила увид.