Страшна сообраќајка во Австрија кај Линц, македонски автобус се судри со камион, осум патници повредени
Две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност, а шест лица се полесно повредени во сообраќајката која се случила изутрината, во 6 часот, во близина на Линц, Австрија. Во несреќата се судриле македонски автобус и товарен камион.
- Колегите од Амбасадата на Република Македонија во Виена телефонски се слушнаа со полицијата во Виена, кои им потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност и шест лица се полесно повредени. Целосен извештај ќе дадат откако ќе биде завршен увидот, соопштија од МНР.
Австриските медиуми информираат дека сите повредените се згрижени во болница, а бил затворен и автопатот кон Линц.
Според австриските медиуми, по сударот, камионот, кој бил натоварен со дрва, се превртела кабината, а возачот останал заробен. Повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.
Се уште не е познато која е агенцијата преку која патувале маедонските државјани, ниту името на превозникот на автобусот.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара