Страшна сообраќајка на патарината пред Гостивар
Едно лице го загуби животот во судар на две возила на наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар. Сообраќајката се случила изутрината во шест часот и 45 минути, а во неа настрадала 51-годишна жителка од Кичево.
Неофицијално, таа управувајќи го нејзиното возило “Мерцедес” со охридски регистарски таблички, со голема брзина удрила во “фолксваген туарег", управуван од 37-годишен жител од Дебар, во чие возило имало уште тројца сопатници.
Сообраќајката се случила помеѓу двете кабини на самата патарина.
Поради тежината на сообраќајната несреќа на местото на настанот интервенирале и тетовските пожарникари, кои ги извлекувале телата на загинатата жена и на повредените и го гаселе пожарот кој избувнал во Туарегот.
Увид на местото направиле службеници на СВР Тетово и јавното обвинителство. По наредба на јавен обвинител, телото на жената е предадено за обдукција, а полицијата почна истрага за утврдување на причините за сообраќајката.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар