-->
-->
Страшна сообраќајка на локалниот пат село Кадино-Миладиновци-Скопје
-->
Околу 04 часот утринава на локалниот пат село Кадино-Миладиновци-Скопје, се случила сообраќајна незгода во која возило „Тојота Корола“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 27-годишниот Д.С. изгубило контрола и излетало од коловозот по што се превртело во нива.
Според податоците од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Г.М. (22), а со телесни повреди се здобила другата сопатничка од возилото Н.Н. (31) и двете од Скопје.
Тие биле префрлени во болницата „Наум Охридски“ каде Г.М. била задржана за понатамошно лекување, а Н.Н. по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.
На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома