Страшна сообраќајка кај Стража, најмалку петмина повредени
Во сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 13 часот на преминот Стража повредени се пет лица, соопштија од МВР.
Од сé уште неутврдени причини „фолксваген тигуан“ со белоруски таблички кој го управувал белоруски државјанин излетал од коловозот и паднал во длабока бездна во непосредна близина на Стража откако возачот загубил контрола. Покрај него, во автомобилот имало две жени и две деца.
Повредените не се во животозагрозувачка состојба. Според првичните податоци на полицијата, една жена и двете деца добиле телесни повреди и со медицински возила се префрлени во гостиварската болица за натамошна опсервација.
Во моментов се врши увид на местото на настанот. Полицајци од гостиварската полициска станица го обезбедуваат местото и се прават напори да се извади возилото од бездната.
Сообраќајот на делницата Гостивар-Кичево се одвива нормално.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен