-->
-->
Страшна сообраќајка: Џип слета во река, пет лица тешко повредени
-->
Во тешка сообраќајна несреќа која вечерва се случила на регионалниот пат Ваљево-Ужице, тешко повредени се пет лица.
Несреќата се случила околу 18 часот кога возачот на џип со белградски таблички слетал во кањонот на реката Градац. Како што дознава српски Телеграф, тој изгубил контрола над возилот, слетал од патот, ја пробил заштитната ограда и паднал во кањонот на реката Градац, до самата железничка пруга.
На местото на несреќата многу брзо пристигнале противпожарните екипи од Ваљево кои ги извлекле патниците од возилото. Повредените потоа со Брза помош се пренесени во болницата во Ваљево каде им е укажана лекарска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација