-->
-->
Страшна повреда на теренот - голман налета на својот соиграч и му ја скрши ногата
-->
Планиќ оваа сезона дојде во романскиот великан Стеауа од српскиот тим Војводина, а после оваа хорор повреда го очекува една долга пауза.
Ужасната фрактура на ногата се случи, откако на неговата нога падна голманот Флорин.
Ужасна скршеница на ногата го обележа натпреварот меѓу Астра и Стеауа во 19 коло од романскиот шампионат. Домаќините победија со 2:0, но фудбалот остана во втор план после повредата на српскиот фудбалер од редовите на букурешкиот гигант, Богдан Планиќ.
Се играше 77 минута кога Планиќ се обиде да спречи втор гол на Астра, но во тој момент на неговата нога налета баш голманот на неговиот тим Флорин.
Планиќ се обиде да стане, меѓутоа многу брзо виде во каква состојба е неговата нога и почна да вика од болка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј