-->
-->
СТРАШНА НЕСРЕЌА - Возач на автобус изгубил контрола, 15 лица го загубија животот
-->
Најмалку 15 лица загинаа, а 31 е повредено, откако синоќа возач на автобус изгубил контрола над возилото што се движел по гребен во бразилската сојузна држава Сао Паоло , соопштија денеска локалните власти.
Несреќата се случи изминатата вечер, и е предизвикана од магла. Во автобусот имало вкупно 46 патници, од кои повеќето биле ученици, пренесува Танјуг.
Меѓу загинатите е и возачот. Другите настрадани биле ученици од три училишта во градот Мохи дас Крусес.
Автобусот прво преминал на другата лента, а потоа удрил во карпа, по што се превртел и се излизгал по улицата.
Годишниот биланс на жртви од сообраќајните незгоди во Бразил е 43.000.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот