Страшна несреќа во Скопје - четири лица повредени меѓу кои и деца
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Скопје, повредени четири лица меѓу кои и деца. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 14,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фјужн“ со скопски регистерски таблици, управувано од Р.Х.(61) од Скопје, патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со штипски регистерски таблици, управувано од И.К. (44) од Кочани, и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски регистерски таблици, сопственост на МВР, а управувано од З.Р.(48) од Скопје. По незгодата, четири сопатници од возилото „Фиат Пунто“, В.К.(69) Б.К.(42) и две девојчиња на возраст од 11 и деветгодишна возраст, сите од Кочани, биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. На В.К. и на 11 годишното девојче од страна на лекар им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден