Страшна несреќа во Македонија, дете падна од далековод - го нашле неподвижно во трева
Десет годишно дете од Прилеп вчера е пренесено во Ургентниот центар со тешки повреди по пад од далековод под висок напон.
Од полицијата денеска информираат дека 30-годишниот И.И. од крушевското село Алданци пријавил дека на влез од селото забележал повредено дете во свесна состојба како лежи на тревата. Полициски екипи излегле на местото, по што е утврдено дека се работи за 10 годишно дете од Прилеп.
Според кажувањата на мајката, детето паднало од метален столб, од далековод под висок напон, по што таа го однела до блиската река и го измачкала со кал мислејќи дека има струен удар.
По укажаната лекарска помош во прилепската болница поради сериозноста, детето во свесна состојба, но со крварење во мозокот е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.
Ново на Сител
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението-има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина