Македонија
7. July 2015 - 23:18

Страшна несреќа: Автомобил влета во излог и усмрти девојка

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во близина на ТЦ Зебра во скопски Капиштец.

Според неофицијалните информации, млада девојка, која била пешак, го загуби животот кога автомобил „опел корса“ со голема брзина удрил во неа, па се забил во еден од излозите на околните згради.

Од полицијата велат дека од силината на ударот девојката починала на лице место.

Додека траеше увидот, сообраќајот беше пренасочен, а улицата затворена.