Страотно злосторство: Со секира го убила сопругот, го закопала во дворот, па го пријавила за исчезнат
М.К. (55) од Зворник уапсена под сомнение дека во неделата го убила својот сопруг В.К. (59), а потоа во зворничката полиција го пријавила неговото исчезнување.
М.К во понеделникот го пријавила исчезнувањето на својот сопруг, а во полиција раскажала дека В.К. ден порано, околу 8 часот наутро, излегол од куќата во која живееле во Зворник и отишол во непознат правец.
Полицијата распиша потрага по сопругот. Меѓутоа дошле до информација која ги навела на сомнение дека тука воопшто не се работи за исчезнување, туку во прашање е лажна пријава. Натамошната истрага утврдила дека М.К. сторила кривично дело тешко убиство. таа на крајот на полицајците им признала дека го убила својот сопруг со секира, а потоа го закопала во близина на семејната куќа, каде и телото на В.К. е пронајдено.
Катановиќ по испитувањто во полициските простории во текот на денот ќе биде предадена во надлежност на бијелинското окружно обвинителство, а тужителот наредил спроведување истрага за новиот случај.
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?