Страотна судбина: Татко 22 години ја силувал својата ќерка, му родила осум деца
Аргентинецот Доминго Булачо (56) ја силувал својата ќерка 22 години. Во тој период таа родила дури 8 деца.
Уапсен е кога жената на најмладиот син го однела на лекар, а овие дена почнува, како што медиумите го нарекоа, судењето на деценијата. Имено, како што откриваат аргентинските медиуми, докторот при прегледот ја испитувал жената за состојбата на детето и кој е таткото, а таа се скришила и ја открила страшната тајна.
Булачо е уапсен во јануари 2016 година кога успеал да и побегне на полицијата и потрагата по него траелеа 45 дена. Тој се скрил кај роднина во својот роден град Лорета на северот од Аргентина.
Постојат различни шпекулации за тоа што се случило со неговата сопруга. Некои велат дека ја исфрлил од куќата, со трите останати нивни деца. Некои тврдат дека жената која Булачо исто така ја злоставувал, го напуштила семејството, а децата биле кај роднини, а други велат дека жената умрела.
Овој случај ужасно потсетува на случајот на Јозеф Фрицл, кој 24 години ја држел заробена во подрумот на својата куќа во австрискиот град Амштетен ќерката Елизабет. Со неа добил седум деца, а ја силувал повеќе од 3.000 пати.
Ново на Сител
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени