Страотна сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово, повредено дете и тројца возрасни
Дваесет и седумгодишениот гостиварец Б.И изутрина околу шест часот на автопатот Скопје - Тетово кај Добарскиот надвозник изгубил контрола над автомобилот БМВ 318 и излетал од патот. Во несреќата со тешка телесна повреда скршеница на рбетот се здобила сопатничката У.И.(57), а со полесни возачот Б.И., сопатникот Д.И.(27) и пет годишно дете.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сите повредени биле префрлени во тетовската болница и по укажаната помош тешко повредената У.И. била упатена на скопските клиники, а другите биле пуштени на домашно лекување. Првичните податоци од увидот покажуваат дека причина за сообраќајката е неприлагодена брзина кон условите на патот, а материјалната штета се проценува на околу 50 илади денари, рече Јосифовски.
Неприлагодена брзина, според првичните информации, е причина и за сообраќајката што се случила ноќеска во 1 часот 30 минути на улицата „Илинденска“ во Гостивар, а во која возачот К.П. (20) загубил контрола врз автомобилот Хјундаи со гостиварски регистарски таблички и удрил во метален електричен столб. Возачот К.П.(20) и сопатникот Н.Р.(28) се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош во гостиварската болница биле пуштени на домашно лекување а материјалната штета се проценува на околу 60 илајди денари информираше Јосифовски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата