Страотна смрт: Девојче изгоре во контејнер, заглавено меѓу решетки

Во контејнерот во кој живееле три ромски деца во местото Модрича во Република Српска изгоре 14-годишното девојче Кадира Аљиќ. До пожарот дошло околу 1 часот по полноќ откако тие заспале, а не ја изгаснале свеќата, која наводно се превртела и го запалила јорганот на кој лежеле децата.
Нивната мајка Ема Окановиќ не била со нив туку отишла за Бајрам во посета на својата мајка во друго село.
-Ме разбуди страшна врелина, почна да ме гуши чадот, се завртев и видов пламен таму каде што лежеше Кадира. Ги скришив решетките на прозорецот и сестрата Хата (9) ја изфрлив надвор. Тогаш излегови и јас и ја повикав Кадира. Таа беше поголема од нас и не можев да ја извлечам низ решетки. Остана заглавена во решетките од прозорецот и така изгоре, раскажува малиот херој Рагиб Аљиќ (13) кој барем едната сестра ја спасил од сигурна смрт.
Повикот за помош на малите дечиња ги слушнале стрикото Сабир и стрината Када Ферхатовиќ. Тие веднаш притрчале на помош, но било доцна.
-Го слушнавме викањето на Кадира. Сите се затрчавме кон контејнерот, меѓутоа беше доцна зошто пламето го зафати целиот контејнер. Умре во страшни маки, заглавена во решетките, држејќи во рака две мали кучиња, раскажува низ солзи стрината Када.
Пред три години исто така на Бајрма им починал таткото, а како што велат соседите, Аљиќи во овој контејнер живеат 17 години без вода и храна.
-Тие се многу сиромашни. Ги молам сите луѓе да им помогнат на овие деца зошто што е трагедија ако не ова, апелира стрикото Сабир Ферхатовиќ.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
