Се се одигра во центарот на градот, а на снимките може да се виде како полуден маж, со темен тен и исламска облека, напаѓа полицајци и минувачи. Тие на сите начини се обидуваат да го смират. Како што се наведува, напаѓачот е префрлен во болница и се наоѓа во критична состојба.
Напаѓачот прво со автомобил се забил во трговскиот центар, по што тргнал во крвав пир.
Неколку луѓе се префрлени во болница, а лицето со повреда на вратот починало.
„Само слушнавме тресок налик на експлозија и видовме дека гори автомобилот“, рече работник од една блиска продавница.
На местото на инцидентот, во улицата Бурк, се наоѓаат стотина полицајци. Целата област е затворена, а на граѓаните им се советува да ја избегнуваат.