Македонија
5. October 2018 - 14:44

Странски студенти дел од Еразмус програмата на Штипскиот универзитет

Четириесет студенти од различни европски универзитети од денеска ќе ја следат редовната настава на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Студентите се дел од Еразмус програмата и доаѓаат од Франција, Шпанија, Португалија, Полска, Словачка, Хрватска и Германија.

Сања Стефанова од Центарот за меѓународна соработка при Универзитетот во Штип вели дека студентите ќе ја следат наставата вкупно еден семестар на факултетите во Штип.

- Иако во минатиот период ние бевме насочени кон активирање на нашите студенти да заминат преку Еразмус плус програмата, овој процес е наизменичен, така што покрај нашите студенти кои одат, имаме и студенти кои ќе поминат на студии и пракса на нашиот Универзитет, изјави Стефанова.

Таа се надева дека странските студенти ќе добијат добро образование и искуство на Штипскиот универзитет.