Стотици нови пожари ја пустошат Амазонија

Стотици нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, додека се засилува меѓународниот притисок врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за да ги спречи пожарите во „белите дробови на светот“.
Според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ) меѓу четврток и петокот избувнале нови 1663 пожари.
Шефот на ИНПЕ беше отпуштен на почетокот од август, откако објави податоци за прекумерно уништување на шумите за кои Болсонаро верува дека е невистинито.
Пријавените податоци покажуваат дека уништувањето на шумите во јули е скоро четирипати поголемо отколку во истиот месец од 2018 година.Според најновите официјални податоци, дури 78.383 пожари се пријавени во областа Амазон од јануари 2019 година, што е рекорден број од 2013 година откао се води евиденција.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
