-->
-->
Стотици илјади протестираа во Судан против воениот удар
-->

Стотици илјади Суданци излегоа синоќа на улиците на Картум и другите поголеми градови за да побараат обновување на цивилното владеење и враќање на Судан на патот на демократијата по воениот удар.
Како што пренесуваат странските агенции, луѓето вееја национални знамиња и скандираа „Военото владеење нема да биде пофалено“ и „Ова е наша земја и нашата влада е цивилна“.
Во центарот на главниот град беа распоредени вооружени војници. Безбедносните сили во Картум употребија солзавец и огнено оружје за да ги растераат демонстрантите.
Централниот комитет на суданските лекари соопшти дека војниците застрелале двајца демонстранти во Омдурман. Лекарската организација подоцна објави дека уште еден демонстрант бил убиен, а 38 лица се повредени.
Полицијата негираше дека пукала во демонстрантите и на државната телевизија беше објавено дека еден полицаец се здобил со прострелни рани.
Најмалку 14 демонстранти беа убиени оваа недела во судири со безбедносните сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
