Стопанската комора на Македонија одбележува 95 години работење
Стопанската комора на Македонија денеска одбележува јубилеј, 95 години од коморското организирање и работење во Република Македонија. По тој повод, организира тркалезна маса на тема „Позицијата на малите земји во меѓународната економија - предности и недостатоци“.
На тркалезната маса ќе присуствуваат најуспешните бизнисмени од регионот, како и истакнати државници, професори и истражувачи, меѓу кои Мило Ѓукановиќ, Стјепан Месиќ, Владимир Глигоров,...
Гости ќе бидат и Александар Влаховиќ, главен организатор на Копаоник бизнис-форумот, Миодраг Костиќ, претседател на „МК Груп“ - Белград, Бранко Роглиќ, сопственик на „Орбико“ - Загреб, Џемал Инаишвили, претседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговско-индустриски комори и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација, претседателите на стопанските комори на Србија и Косово, Светозар Јаневски, Кочо Анѓушев, Глигор Бишев и други реномирани претставници од науката и бизнисот од земјата и од странство.
Ново на Сител
-
Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-
Лисица во потрага по храна сред Сараево
-
ПСЖ одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра
-
МЗТ Скопје и Куманово го отвораат четвртото кошаркарско коло
-
Меси заработува повеќе од сите фудбалери заедно во 22 екипи во МЛС
-
Студено и ведро утро, преку ден сончево со мала локална облачност
-
ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње
-
Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди Албанија