Стопанската комора ќе промовира Центар за микро, мали и средни претпријатија
Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе го промовира Центарот за микро, мали и средни претпријатија. Целта на Центарот, како што посочуваат, е поддршка и развој на економската активност за потребите на компаниите, чија улога ќе биде во интерес на оваа група правни субјекти да обезбеди сет услуги и подршка за нивно непречено функционирање.
На промоцијата на новоформираниот Центар со тема: Комората со нова алатка за поддршка на развојот на микро, малите и средни претпријатија, ќе говорат извршниот директор на Комората, Антони Пешев и претседателката на Центарот, Габриела Кулебанова.
-Улогата на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) претставуваат значаен и витален дел на економијата во земјата, со доминантно учество од 99,6 проценти од вкупниот број активни деловни субјекти во државата, и најголеми работодавачи, обезбедувајќи околу 70 отсто од вкупниот број на вработени лица. Од друга страна, учеството на ММСП во додадената вредност е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании. Ова претставува и клучен предизвик како да им се помогне да остварат раст и да придонесуваат во поголема мера кон националната вработеност и да креираат додадена вредност, наведуваат од Комората.
Промоцијата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава
-
Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите
-
Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа