Стопанската комора и членките со хуманитарна помош за настраданите подрачја
Стопанската комора на Македонија и компаниите-членки на Комората активно се вклучија во хуманитарната поддршка на настраданите подрачја од катастрофалните поплави што ги зафатија регионите на Скопје и Тетово.
- По повод тргагедијата што им се случи на жителите на поплавените подрачја, кои во еден миг останаа без своите домови, а некои, за жал, и без своите најблиски, однесени од поројните дождови, на настраданите и на семејствата на загинатите, Стопанската комора на Македонија заедно со компаниите, кои несебично ги поддржуваат напорите за помош, се вклучија во активности за обезбедување хуманитарна помош, наведуваат од Стопанската комора.
Најпотребни производи за настраданите се конзервирана храна, храна за бебиња и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција, како и финансиски средства.
Стопанската комора на Македонија во соопштението им се заблагодарува на многубројните компании кои се вклучија во оваа акција и помагаат во обезбедувањето на потребните производи.
Посочуваат дека и во наредните денови Стопанската комора на Македонија ќе остане во контакт со надлежните институции и другите засегнати страни со цел давање на неопходната помош во настраданите региони
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток