Стопанска комора: Недвосмислено да се каже дека со сите средства државата ќе го сочува бизнисот на краток рок

Најдоброто решение во моментов е на стопанските субјекти јасно и недвосмислено да им се предочи дека со сите средства кои стојат на располагање, државата на краток рок ќе ги сочува бизнисот и компаниите за тие да ја сочуваат неа на среден и долг рок, соопшти Стопанската комора на Македонија.
Комората останува на ставот дека се потребни, како што наведува, максимални напори на тешко преговарање за да се дојде до најдоброто решение зашто во меѓувреме работите се менуваат од час во час.
Острите реакции на компаниите на денешното објавување на сетот економски мерки, дополнува, само ја потврди јавната изјава на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, дадена во неделата, дека позициите на јавниот и приватниот сектор се многу оддалечени.
-Втората работа што треба да се нагласи во овој момент е дека не треба да има недообјаснети формулации. Јасно треба да се каже дека ќе се употреби сè за да ја совладаме оваа огромна опасност и по нашите животи и по опстојувањето на бизнисот. Се разбира дека после тоа ќе се седне и повторно со преговори ќе се најде начин да се надомести направената штета. Ова, дополнува, не е работа за која сме ние виновни, но е работа за која сме одговорни. Да ја изведеме со најголем степен на ризик, зашто само така можат последиците да бидат помали, истакнува Комората, а како најдобра потврда за сериозноста на кризата ја посочува состојбата со автомобилската индустрија во Европа.
Заради заедничко утврдување на клучните приоритети за што поуспешно справување на македонската економија со тековните состојби, Стопанската комора на Македонија за утре и задутре најавува состаноци на компаниите-најголеми извозници во македонската економија со директорот на Царинската управа, како и на претседателите на здруженијата според дејности со креаторите на економските политики.
Ново на Сител
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
-

Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации
-

Калас: ЕУ мора да ги преиспита односите со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран
-

Лафчиски утре на состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Сопственикот на Кливленд платил 20 автобуси за превоз на навивачите на седмиот натпревар против Детроит
-

Собранието ќе ја почне 102 седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања
