Столтенберг: Војната на Корејскиот полуостров би била катастрофална
Генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг денеска предупреди дека војната на Корејскиот полуостров би била катастрофална, но нагласи дека Алијансата има средства со кои би одговорила на нуклеарните и ракетни напади, кога тие би биле изведени.
Столтенберг тоа го изјави на новинарите во Брисел речиси една недела откако Северна Кореја го изведе најновиот тест со нова интерконтинентална балистичка ракета со голем дострел, Квасонг-15.
Северна Кореја соопшти дека таа ракета е најмоќна која официјален Пјонгјанг досега ја има лансирано и дека може да го погоди американското копно, што потврди и официјален Сеул.
Столтенберг нагласи дека „таа војна во регионот би била катастрофална и дека би имала глобални последици“, но и дека 29-члената Алијанса е „силна и обединета“ и „НАТО е во можност да одговори на каков било напад, вклучувајќи и балистички и нуклеарни напади“.
- Алијансата ќе работи со своите партнери во регионот и „ќе продолжи да врши максимален притисок на Северна Кореја“, рече Столтенберг.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
