Столтенберг: Властите во Приштина не можат на север без согласност од КФОР
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Србија е партнер на Алијансата и дека ја почитува нејзината одлука да биде неутрална, а од косовските власти очекува да го почитуваат Бриселскиот договор и да не се движат кон северниот дел без согласност на КФОР.
Тој во интервју за белградскиот весник „Блиц“ за време на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел истакна дека трансформирањето на Косовските безбедносни сили (КБС) во армија би можела да има последици врз евроатлантските интеграции на Приштина.
– Неколку сојузници на НАТО изразија став дека не е вистинско време КБС да се трансформираат во армија. Исто така, сметаат дека со одлуката за воведување такси на производите од Србија и БиХ се поткопува дијалогот меѓу Белград и Приштина. Ние го поддржуваме дијалогот и сметаме дека се што поткопува, води во погрешна насока, нагласи Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО додаде дека Алијансата „јасно ставила до знаење дека ќе продолжи со мисијата КФОР на Косово, која е под мандат на ОН“.
– Тука сме да ги заштитиме сите луѓе и да гарантираме безбеден простор за сите, секако и за Србите на Косово… Очекуваме косовските власти да ги почитуваат сите меѓународни обврски, вклучувајќи го и Бриселскиот договор, односно да не се движат кон северниот дел без согласност на КФОР, изјави Столтенберг.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица