-->
-->
Столтенберг: Ниту една земја членка на НАТО не побарала исклучување на Турција поради С-400
-->
Турција ќе продолжи да игра важна улога за гарантирање на противракетната и противвоздушната одбрана на Алијансата, и покрај набавката на руските ракетни системи С-400, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на годишниот форум за безбедност во американскиот град Аспен, во државата Колорадо.
Тој констатира дека е „невозможно С-400 да бидат интегрирани во заедничкиот систем за ПВО и ПРО на Алијансата“.
Според него, ниту една земја членка на НАТО не побарала Турција да биде исклучена од Алијансата поради набавката на руските системи С-400.
– Турција е важна членка на НАТО. Никој од сојузниците не ја отворил таа тема. Ние сите разбираме дека зависиме еден од друг, нагласи Столтенберг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер