Столтенберг: НАТО не сака судир со Русија
НАТО не сака да дојде до судир со Русија и не сака нова Студена војна, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг за Би-Би-Си.
- Планираното распоредување дополнително четири илјади војници во Источна Европа има цел да спречи, а не да предизвика конфликт. И покрај сегашната тензија воената Алијанса не ја смета Русија за закана, додаде тој.
Столтенберг нагласи дека НАТО не се обидува да влезе во судир со Русија, туку попрво се насочува кон односи, во кои ќе има повеќе соработка и конструктивност, но сето тоа треба да се прави врз основа на колективната одбрана и превенцијата.
- Алијансата не констатирала никаква непосредна закана од страна на Русија, таа реагира на случувањата во Украина, како и на користењето нуклеарна реторика за заплашување на европските земји, истакна генералниот секретар на Алијансата.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра