Столтенберг: НАТО го следи движењето на Пригожин и припадниците на „Вагнер“
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ги следи неодамнешните движења на лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин и неговите припадници.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека Пригожин ја напуштил територијата на неговата земја, каде допатува согласно договорот за прекин на вооружениот бунт од 24 јуни, и дека се вратил во Русија, поточно во Санкт Петербург.
Дипломатскиот уредник на Ал Џезира, Џејмс Бејс, побара од Столтенберг коментар токму за оваа тема- извештаите дека Пригожин се вратил во Санкт Петербург, на што генерачниот секретар на Алијансата кажа НАТО ги надгледува неодамнешните патувања на лидерот на „Вагнер“, кои ги опиша како – „помалку се движеше наоколу“.
-Тоа што можеме да го кажеме за Пригожин е дека внимателно следиме каде се движат војниците на „Вагнер“, а, исто така, и каде тој се движи, рече Столтенберг.
„Нема да навлегувам во детали, но видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на „Вагнер“ во Белорусија. Досега не видовме дека толку многу одат натаму“, рече тој.
-И тогаш го видовме Пригожин како малку се движи, рече Столтенберг, додавајќи дека нема да навлегува во детали за тоа што НАТО го знае.
Ново на Сител
-
Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат
-
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
-
Ограбен апартманот на пензионер кој живеел во старски дом
-
Четири малолетни другарки биле полово нападнати на плоштад во Прилеп
-
Излетало возило од патот Охрид – село Подмољје
-
На депонијата Мегленци пронајдени три артилериски гранати од Првата светска војна
-
Митева и Љатифи-Азизи: Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со невиден интензитет
-
Украина: Русија загуби над 900.000 војници од почетокот на инвазијата