Столтенберг на средба со Заев во Владата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг заедно со амбасадорите на сите земји членки на Алијансата претпладнево со највисоки државни и воени почести е пречекан пред платото пред Владата на Република Северна Македонија по што се очекува да има средба со премиерот Зоран Заев.
Предвидена е и заедничка прес-конференција на премиерот Заев и генералниот секретар на НАТО која ќе се одржи по завршување на работниот дел на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и претставници на Влада.
Во текот на денот, Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.
Столтенберг во Северна Македонја пристигна вчера попладне, а вчерта присуствуваше на прием во Собрнието што го организираше собранискиот спикер Талат Џафери. Оттаму, генералниот секретар на НАТО порач дека со нетрпение ја очекуваат Северна Македонија како 30-та членка на Северноатланстаката алијанса.
– Наскоро, кога процесот на вашето пристапување ќе биде завршен, со нетрпение ќе ја пречекам Северна Македонија како триесеттата членка на нашата Алијанса. И да го видам вашето знаме развеано пред нашето седиште во Брисел, како и во нашите мисии и операции насекаде низ светот, рече Столтенберг.
Ова е прва посета на Столтенеберг и високите претставници на НАТО на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата. Од февруари кога е потпишан Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО, досега го имаат ратификувано 14 земји – членки. Очекувањата се во јуни да влезе во процедура и во САД и да заврши оваа есен. Ратификацискиот процес, заеднички оценуваат надлежните, може да заврши и пред Самитот на Алијансата закажан во декември во Лондон.
Ново на Сител
-

38-годишен маж загина од струен удар додека работел на куќа во Скопје
-

Возеле со над 150 км/ч, а полицаец им „прогледал низ прсти“ – кривична пријава затоа што ги поштедил од казни од 300 евра
-

Четиригодишно дете најмладиот милионер во Македонија, највозрасниот е 97-годишен пензионер
-

Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња
-

Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
