Столтенберг го честита првиот роденден на членството на Македонија во НАТО
На денешниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го честитал првиот роденден од членството на Македонија во Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Многу сум горд што во петок го славиме првиот роденден од зачленувањето на Македонија во НАТО и му честитав на министерот за надворешни работи денеска на состанокот, ова е добро за Македонија и добро за сите сојузнички на НАТО, рече Столтенберг.
Тој се заблагодари за придонесот на македонските воени сили во операциите на Алијансата ширум светот и посебно во Авганистан.
-Се сретнав со војници од Македонија во Авганистан, тие секогаш демонстрирале посветеност, храброст и професионалност во работата, рече шефот на Алијансата.
На прашање за коментар околу наводите дека некои официјални лица од Македонија не добиле безбедносен сертификат за НАТО, генералниот секретар одби да коментира, но порача дека процедурите на ветинг во организацијата се строги.
-Процедурите на ветинг се секогаш многу важни за нас, тоа е затоа што е потребно да се осигуриме дека класифицираните документи се третираат правилно, ветинг процедурите се темел за размената на информации, а Македонија е високо вреднуван сојузник, и членството на Македонија е доказ дека вратите на НАТО остануваат отворени, изјави Столтенберг.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата