-->
-->
Столтенберг: Дијалогот со Русија за нуклеарниот договор неуспешен
-->
НАТО и Русија не успеаја да постигнат значаен напредок по прашањето за спасување на Договорот за нуклеарни сили со среден и краток дострел (ИНФ) во разговорите во Брисел, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.– Нема никакви знаци за напредок, истакна Столтенберг по состанокот зад затворени врати.
Според него, шансите за решение се помали од ден во ден, но НАТО не се откажува од обидите да ја убеди Москва да ги уништи ракетите „земја-земја“ ЅЅС-8.
Русија со одлука на шефот на државата Владимир Путин официјално се повлече од Договорот, откако претходно тоа го направија САД. Москва пред повлекувањето тврдеше дека целосно ги почитува сите ставки на ИНФ, кој во периодот на Студената војна го потпишаа тогашните претседатели на САД и на СССР, Роналд Реган и Михаил Горбачов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
