Столтенберг денеска на средби со Османи и Курти во Приштина, во вторник доаѓа во Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе го посети Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти.
Според официјалната програма, Столтенберг ќе го посети и кампот „Нотинг хил“, на Мировната мисија на НАТО – КФОР, каде што ќе се сретне со командантот генерал Озкан Улуташ и ќе им се обрати на војниците, а ќе се сретне и со директорот на Советодавниот и тим за врски на НАТО, бригадниот генерал Хамерштајн.
Пред доаѓањето на Косово, денеска генералниот секретар Столтенберг својата турнеја низ Западен Балкан ќе ја започне со посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе се сретне со високиот претставник на меѓународната заедница во таа земја, Кристијан Шмит, како и со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо.
Столтенберг ќе го посети и седиштето на НАТО во Сараево и ќе има средби со воени лидери и претставници на меѓународната заедница.
Генералниот секретар утре ќе престојува во Белград, каде ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
Подоцна, во текот на денот, Столтенберг ќе допатува во Република Северна Македонија, на средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери и ќе се обрати на Собранието.
Генералниот секретар на НАТО во среда ќе учествува на состанок со сојузничките лидери од регионот, што ќе се одржи во Тирана.
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина