Столтенберг: Анкара има право да се брани од тероризмот, но почитувајќи го владеењето на законот
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Анкара треба да го почитува владеењето на законот во своите операции по извршениот обид за државен удар во земјата во јули минатата година, соопшти турското електронско издание „Хабер 7“.
Столтенберг ова го изјави во одговорот на новинарско прашање при денешното пристигнување во Ла Валета, на средбата на министрите за одбрана од ЕУ.
- Турција има право да се брани и да ги прогонува одговорните за неуспешниот обид за преврат, но тоа треба да го прави со целосно почитување на владеењето на законот и во точно утврдени законски рамки, изјави тој.
По обидот за преврат на 15 јули, Турција презеде насилна кампања против претпоставените членови на движењето, предводено од исламскиот проповедник, Фетула Ѓулен, кого Анкара го смета за одговорен за пучот.
Само вчера полицијата во земјата приведе над 1.000 лица.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка