Столтенберг: Ако одлучат, Финска и Шведска бргу ќе станат членки на НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе се сретне со претседателите на сите политички партии во Европскиот парламент и ќе разговара за Украина и за безбедноста на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Пред почетокот на состанокот, Столтенберг, заедно со неговата домаќинка, Роберта Мецола, претседателката на Европскиот парламент, пред новинарите порача дека процесот на зачленување на Финска и Шведска ќе оди бргу, доколку овие две земји поднесат апликации.
– Финска и Шведска ќе бидат примени со раширени раце, тие ни се блиски партнери, силни и зрели демократии, соработуваме со години, интероперабилни се со силите на НАТО и заедно работиме во повеќе мисии и операции на НАТО, ако аплицираат, ќе бидат добредојдени и очекувам процесот да биде брз, рече Столтенберг.
Тој додаде дека не е загрижен за транзицискиот период помеѓу апликацијата и полноправното членство.
– Ќе најдеме аранжман за периодот помеѓу апликацијата и формалната ратификација во сите парламенти, уверен сум дека има начин да се исполни тој период, рече шефот на Северноатлантската алијанса. За него членството на овие две земји ќе биде „силна порака“ дека нивната безбедност е важна за сите 30 земји сојузнички на НАТО.
Мецола од своја страна потсети дека и Европската унија нуди клаузула за заедничка одбрана, преку членот 42.7 на Повелбите на ЕУ, а ЕУ е во разговори за создавање одбранбена унија.
– Земјите членки може да се чувствуваат безбедно, го имаме членот 42.7 кој ги покрива членките кои не се членки на НАТО, рече Мецола.
Столтенберг утрово во Европскиот парламент ќе разговара и за Украина и помошта која ја бара од ЕУ и од Западот.
– По моите разговори со Зеленски дека им е потребна поголема воена помош и ефективна асистенција, ќе продолжиме да повикуваме на дополнителни санкции против Русија и да го набљудуваме применувањето на постоечките пакети санкции, рече Мецола, која пред неколку недели го посети украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови